Првиот од двата денешни натпревари во КХЛ го одиграа Салават Јулаев Уфа и Спартак Москва.
Истиот беше решен после пеналите, откако резултатот во играта гласеше 1-1.
Двата гола паднаа во втората третина, односно Анатоли Никонцев му донесе водство на Спартак, а за Салават израмни Сакари Манинен.
Во последните секунди од продолжението, играчите на Уфа прокоцкаа огромна шанса за победа.
Сепак, после шестата пенал-серија (3-2), успеаја да дојдат до првата победа над денешниот ривал после 24 септември 2019, а воедно и до петтата позиција на Истокот. Од друга страна, Спартак го доживеа првиот пораз после петте врзани триумфи и го зазема шестото место на Западот.