Екипата на Валенсија, го официјализираше трансферот на српскиот интернационалец и играч на Фенербахче, Никола Калиниќ. Дваесет и осумгодишниот кошаркар ќе се пресели во редовите на шпанците, откако помина пет цели сезони во турскиот шампион Фенербахче. Калиниќ мината сезоната бележеше во просек по 6.6 поени, 1.7 асистенции и 2.5 скокови во Евролигата.