Адис Јаховиќ ја продолжува низата на голови во турскиот шампионат и се проби на трето место на листата на стрелци со 17 гола. Јаховиќ со гол во судиското продолжение донесе минимална гостинска победа од 0:1 против Ангарагучу за нови три бода. Анталијаспор има интересен сплет од бројки, каде што во 33 кола има 11 победи, 11 нерешени и 11 порази во првенството.