Дарко Панчев и Илија Најдоски на денешен ден во далечната 1991 година со Црвена ѕвезда станаа Европски прваци. Пред неколку дена поминаа точно 10 години од европската титула која Горан Пандев ја освои во Лигата на шампионите со Интер. Тоа се тројцата златни Македонци кои се искачија на Европскиот трон.
Дарко Панчев на стадионот „Свети Никола“ во Бари на 29 Мај влезе во фудбалската историја, постигнувајќи го последниот погодок од пенал по кој Црвена ѕвезда стана Европски првак.



