Третото коло од германската 3. Лига го затворија екипите на Веен и на Каисерслаутерн.
Минатогодишните второлигаши, а воедно и домаќини на оваа средба, Веен Визбаден, беа благи фаворити.
Истите фудбалери ја оправдаа фаворитската улога во првото полувреме, после коешто водеа со 2-0. Стрелци на головите беа Патерсон Чато (9′) и Филип Титц (34′ од пенал).
Се чинеше дека клубот од Визбаден ќе му го нанесе и третиот пораз од исто толку одиграни натпревари на својот противник, но ,,Црвените” не се предадоа.
Имено, во 79. минута Јаник Бахман намали на 2-1, постигнувајќи го првиот гол на својот тим во новата сезона, а во четвртата минута од судиското продолжение, Хикмет Чифтчи израмни на 2-2.
По првите три кола во третата германска фудбалска лига, сите тимови имаат освоено најмалку по еден поен.