Екипата на АК Барс од Казањ ја прекина својата негативна серија од три врзани порази, со денешниот триумф од 4-1 над Салават Јулаев Уфа во ,,зеленото дерби”.
Во првата третина, Стефан Да Коста ги донесе домаќините во водство со својот прв гол на мечот, а Алексеј Пустозјоров, во вториот период, му донесе изедначување на клубот од Уфа.
Сепак, АК Барс ја оправда својата фаворитска улога во третата третина, со новите три погодоци за конечни 4-1.
Стрелци во последните дваесет минути беа Џастин Азеведо, Артем Галимов и Стефан Да Коста.
Со новите два поени, АК Барс го претекна Салават Јулаев на табелата на Истокот и изби на втората позиција.