Единсон Кавани е ново засилување на Манчестер Јунајтед. Уругваецот како слободен играч се сели на Олд Трафорд, а претходно играше за ПСЖ. Голгетерот потпиша на една сезона со можност да се продолжи на додатна една година плус. На својот грб ќе го носи легендарниот број 7 и се очекува конечно еден играч да ги оправда очекувањата и притисокот што го носи бројот седум во клубот.



