Во првото коло од кадетска лига тимот на Жкк Струга 2009 славеше против Пелистер со 56:27.

Најдобрите стрелци во домашната екипа беа Зиба со 14 поени и Милчин 10 поени. После нив ги следеа Даути 9 поени, Цинциќ и Незири по 6 поени, Миладиноска 3 поени , Таранеши, Шикоска, Каба и Павлеска по 2 поени. Кај гостинките Милошеска беше најдобра со 8 поени.





