вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Шампионот МЗТ “падна” во Битола

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
октомври 12, 2024
📁 Кошарка
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Во неизвесната завршница, битолчани имаа поголема концентрација и се радуваат на минимален, но голем триумф против МЗТ Скопје (68:67)

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ чекаа, и дочекаа победа против првакот (ФОТО)

Обично велат, „кој чека-ќе дочека“. Ова важи од вечерва и во случајот на кошаркарите на Пелистер, кои долго време беа без успех во дуелите против најдобрата напа екипа во изминатите години – МЗТ Скопје.

Во драматичен финиш, со поените на Антоан, го совладаа големиот ривал, со минимален резултат. И втора победа во две одиграни кола за „зелено-белите“ на отворањето на новата сезона во Првата „Мтел“ лига.

ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          68:67

По добриот старт на гостите од Скопје (водството од 7-0), битолчани брзо се вратија во дерби дуелот на ова 2, првенствено коло, и пред истекот на првата четвртина дури и поведоа со (18:17), за тој прв период МЗТ Скопје сепак да го добие со (21:19).

Пелистер беше тимот кој ја имаше предноста низ таа трета четвртина, но не поголема од пет поени (49:44) во 25.минута, која одново „металците“ го анулираа на само еден поен (54:55), резултат со кој се влезе во одлучувачкиот период.

А во него, максимална неизвесност, буквално до последните секунди во кои подобро се снајдоа домашните кошаркари.  

Во последните десетина секунди, прво Слај беше „мирен“ од линијата за слободни фрлања, за нова, минимална предност на шампионот (67:66).

А по тајм-аутот на тренерот Петровиќ, дербот го реши Антоан, кој погоди за победа на Пелистер. Во оние четири секунди кои останаа, Слај не се претвори во винер на бранителот на титулата кој го запиша првиот неуспех и во домашниот шампионат.

Токму Антоан со  16 поени (и шест скока), беше прв стрелец во дерби дуелот во Битола, Костоски имашпе 13, а Бојиќ додаде уште 10 за победникот.

Во поразената екипа, Слај заврши со 13 реализации, Копривица и Крстевски имаа по 11, додека Војдан Стојановски забележа уште десет.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2.КОЛО

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром      68:67

Гостивар – ТФТ      60:61

МКК Куманово – Тиквеш Голден Игл           93:89

ShareTweet
Претходна вест

Узунчев го замолкна Кавадарци ! Не помогнаа ни 15 голови на Димевски против Пролет

Следна вест

Кадетките на Струга 2009 убедливи против Пелистер

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички
Кошарка

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Ное/2026
ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
Следна вест
Кадетките на Струга 2009 убедливи против Пелистер

Кадетките на Струга 2009 убедливи против Пелистер

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.