Во соседскиот дуел во СРЦ „Кале“, кошаркарите на Работнички стигнаа до победа против видно мотивираниот состав на Шкупи (81:73)

Во натпревар во кој се сретнаа две екипи кои делат иста сала, онаа на СРЦ „Кале“, Работнички ја оправда фаворитската улога, и го совлада Шкупи, но за да дојдат до вториот триумф во новиот шампионат, им беше потребно многу поголем труд од оној, за нив, веројатно планиран да биде нешто помал…
Стружанецот Даниел Балоски за нешто повеќе од 8 минути во дресот на Шкупи постигна 3 поени и имаше 2 скокови.
Во екстра периодот од пет минути, искусното крило даде осум поени по ред за победа на МКК Куманово против Тиквеш Голден Игл (93:89)

Голем пресврт, и уште поголема победа реализираа кошаркарите на МКК Куманово на премиерата пред своите навивачи и дуелот со екипата на Тиквеш Голден Игл. Го режираше еден од најјискусните во нивните редови, капитенот Марјан Јанески, кој во продолжението од пет минути постигна осум поени во серија, доволно за да го однесе кумановскиот состав кон првиот успех во новата сезона.
МКК КУМАНОВО – ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ 93:89
Стружанецот Габриел Коскоски за околу 15 минути во дресот на Тиквеш даде 6 коша и имаше 2 скока




