
Второто натпреварување во Оберстдорф (Германија) од Светскиот куп во нордиска комбинација беше воедно и четврто од турнејата ,,Германскиот трофеј”.
На него, иако имаше предност од една минута после првата серија и водство сè до последните метри, Франц-Јозеф Рерл (+1,0) мораше да се задоволи со третата позиција.
Само една десетинка зад него заврши неговиот сонародник Јоханес Лампартер (+1,1), кој освен што остана без подиум, загуби и важни бодови во битката за кристалниот глобус, но успеа да ја задржи жолтата маичка.
Голема радост на домашните навивачи им донесе Јулијан Шмид (22:52,7) со третата овосезонска победа, а на второто место се искачи Јенс Лураас Офтебро (+0,7).
Во продолжение, под една минута заостануваа уште: Штефан Ретенегер (+42,4), Илка Херола (+46,2), Кристјан Илвес (+52,8) и Мартин Фритц (+54,4).