
Во огромното турско одбојкарско дерби, одиграно во седумнаесеттото коло од Султанлар лига, Фенербахче го совлада Вакифбанк со 3-0.
Во првите два сета, домаќините лесно дојдоа до водство од 2-0 (25-20, 25-18), но во финишот на третата партија, гостинките пружија голем отпор (33-31).
Од избраничките на Зоран Терзиќ, двоцифрен поентерски учинок имаа Христина Вучкова (10), Арина Федоровцева (14) и Мелиса Тереза Варгас (23).
На спротивната страна, најефикасни во офанзивата беа Паола Егону со 16 и Чијака Огбогу со 11 поени.
Со третата победа во низа, Фенербахче дојде на третото место, додека Вакифбанк ја држи втората позиција.