
Шестиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одржа во германскиот Алтенберг.
Во саботната програма, единствената италијанска победа ја ,,изрежираа” Андреа Фетер и Марион Оберхофер (1:25,650) во женски дубл.
Италијанките, зад нив, на подиумот ги оставија Џесика Дегенхардт и Шејен Розентал (+0,051), односно Зелина Егле и Лара Михаела Кип (+0,277).
Првата домашна победа, која воедно беше двојна, ја приредија машките двојки, поточно Тони Егерт/Саша Бенекен (1:24,158) и Тобијас Вендл/Тобијас Арлт (+0,066), додека трети беа Летонците Мартинш Ботс и Робертс Плуме (+0,218).
Во женска поединечна конкуренција, Германија имаше целосен хет-трик во името на Јулија Таубитц (1:45,727), на Ана Берајтер (+0,307) и на Дајана Ајтбергер (+0,330).
Во истата машка дисциплина, триумф избори Макс Лангенан (1:47,574), кој беше побрз од Доминик Фишналер (+0,238) и од Феликс Лох (+0,332).
На штафетната трка, Австрија (2:23,742) успеа да го затвори викендот со славје, а на пиедесталот завршија Германија (+0,098) и Летонија (+0,139).
Состави:
Австрија: Маделен Егле, Волфганг Киндл, Јаник Милер/Армин Фраушер
Германија: Јулија Таубитц, Макс Лангенан, Тони Егерт/Саша Бенекен
Летонија: Елина Иева Витола, Кристерс Апарјодс, Мартинш Ботс/Робертс Плуме