Во рамките на четврто коло од Прва ЖФЛ во Тетово во фер и коректен натпревар домашната екипа на ЖФК Љуботен славеше минимална но сосема заслужена победа од 1:0 на полувреме 0:0 над екипата на ЖФК Плачковица од Радовиш.
Победата и важните три бода ги донесе најголемото засилување за оваа сезона во тимот, репрезентативката Јулија Живиќ која што кипарското првенство го замени со македонското и веднаш го покажа сиот свој потенцијал и квалитет, постигнувајќ гол за три бода за клубот.



