Јан Вертонген по осум годишна верност кон Тотенхем се сели на 33- години во Португалија во тимот на Бенфика откако премиерлигашот не му го продолжи договорот. Белгиецот потпиша тригодишен договор со клубот од Лисабон и највероватно и таму ќе ја заврши кариерата. На дресот ќе го носи бројот пет.



