Во рамките на четврто коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар фаворитот ЖФК Деспина на стадионот во Прилеп очекувано славеше убедлива победа над новиот прволигаш и дебитант во лигата ЖФК Шкупи од Скопје.
Прилепчанки настапија претежно со помлади фудбалерки коои што шансата ја чекаа од клупата за резерви и овој пат покрај поискусните колешки ја искористија добиената шанса во тимот и остварија триумф од 11:0 на полувреме беше резултатот 3:0.
Во победничкиот табор погодоците ги постигнаа Ангела Стојкоска и Кате Милеска кои постигнаа хет-трик, додека по еден гол имаа Сара Петреска, Анастасиа Илиевска, Катерина Милевска и гостинската екипа уште на два пати си постигна автогол за конечен резултат од 11:0.
Новиот клуб кој се оформи неодамна оваа сезона само ќе собира искуство и во најголем број од натпреварите ќе игра улога на аутсајдер со многу примени голови, но тоа нека биде поука за ФФМ дека лигата станува сериозна и нема простор за калкулации, експерименти и изнудени решенија пред започнување на нова натпреварувачка сезона.



