Репрезентацијата на Данска ќе го брани светскиот трон во скандинавското финале против Шведска, откако актуелниот светски првак славеше со 35:33 во второто полуфинале против европскиот владетел Шпанија.
Данците предводени од неприкосновениот Микел Хансен од самиот почеток на средбата го презедоа резултатот во контрола и не ѝ допуштија на Фуријата ниту еднаш да дојде во предност.
Во клучните моменти се разбрани Ландин, додека на другата страна Хансен ја полнеше мрежата на европскиот првак, но сепак драмата беше активна во последните 60 секунди.
Шутот на пикерот Марчан во последниот напад на шпанците застана на гол-линијата и тоа беше најголемата прилика која ја пропуштија да изнудат продолженија, односно да останат во игра за пласман во финалето.
Хансен одигра вонсериска партија со 12 погодоци, со 7 гола го следеше Саугструп. Даниел Душебаев го одигра натпреварот на кариерата и заврши како најефикасен од редовите на Шпанија со 7 погодоци. Во финалето на Мундијалот во Египет ќе се сретнат Шведска и Данска.