Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, по третпат во низа се пласираше во финалето на првиот грен-слем во календарот – Аустралиан Опен.
Имено, во полуфиналето, Србинот го совлада сензационалниот Русин, Аслан Карацев, за околу два часа со резултат од 3-0 (6-3, 6-4, 6-2).
Ѓоковиќ лесно се стекна со предност од 1-0, откако освои само еден брејк во првиот сет.
Во вториот, Карацев изгуби два гемови на свој сервис, па успеа да врати еден, но тоа не беше доволно за да го спречи водството од вкупни 2-0 на противникот.
Слична ситуација имаше и во третата партија, кога Ѓоковиќ стекна брејк-предност, а потоа следуваше противнички ри-брејк за 2-2. Сепак, Русинот попушти до крајот и му дозволи на Ѓоковиќ уште два брејкови за конечен триумф.
Во големото финале, актуелниот шампион ќе ја брани титулата против победникот од утрешното второ полуфинале помеѓу Даниил Медведев и Стефанос Циципас.
📸 Twitter: #AusOpen