Тимот на Динамо Рига, на денешното гостување во Череповец, го запиша четвртиот врзан пораз, откако беше поразен со 3-2 од домашниот Северстаљ.
Летонците поведоа во седмата минута со голот на Џеј Си Липон, а во продолжение, со по еден гол во секоја третина, Северстаљ стекна капитална предност од 3-1.
Стрелци за домаќините беа Александер Петуњин во првиот, Максим Казаков во вториот и Јакоб Берглунд во третиот период.
До крајот, поразот на Динамо Рига го намали Рис Скарлет со ,,пауер-плеј” погодок во мрежата на Владислав Подјаполски.
Со втората победа во низа, Северстаљ дојде до шестото место на Западот, додека, во истата конференција, Динамо Рига го зазема самото дно.
📸 HC Dinamo Riga