Младинскиот репрезентативец Јани Атанасов потпиша тригодишен договор со Хајдук Сплит каде што пристигна како слободен играч по завршувањето на соработката со Бурсаспор.
Нашиот репрезентативец до 21 година на промоцијата изјави: “– Знам дека Хајдук е голем клуб со богата историја. Има многу добри навивачи, кога дојде моментот дека Хајдук ме сака мене, зборував со мојот татко и дека тоа е тоа, дека сакам да одам во Хајдук, тоа и се случи. Многу луѓе од Македонија го сакаат Хајдук, многумина ми испраќаа пораки да одам таму, дека ќе успеам. Тука сум да стигнеме далеку и освојуваме трофеи. “