Хокеарите на Автомобилист Екатеринбург ја запишаа и третата победа на исто толку натпревари за одлично отварање на новата КХЛ сезона.
Лидерите на Истокот вчера остварија убедлив триумф од 7-0 над Кунлун Ред Старс, кој ја зазема последната позиција во Источната конференција со три врзани порази.
Стрелци за Автомобилист беа Грегориј Белоусов, Чеј Џеновеј и Павел Датсјук во првата, Алексеј Макејев и Вјачеслав Литовченко во втората и Ден Секстон и Андреј Обидин во третата третина.
Датсјук стана третиот најстар стрелец во КХЛ, после Вјачеслав Козлов и Сергеј Федоров, со 42 години и 50 дена, а ова го постигна на својот јубилеен 250. натпревар во втората најквалитетна лига во светот.