
Второто поединечно натпреварување во Вилинген (Германија) од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција го донесе првиот историски јапонски хет-трик.
Имено, откако оствари пет победи во 2017, Јуки Ито се врати на врвот со шестиот триумф во кариерата и прв после шест години.
На втората позиција заврши Нозоми Марујама, додека третопласирана беше Сара Таканаши.
Во продолжение, во првите десет се најдоа уште: Абигејл Стрејт, Кјара Кројцер, Ема Клинец, Зелина Фрајтаг, Катарина Алтхаус, Жозефин Пање и Јука Сето.