
Гида Вестволд Хансен ја продолжи својата доминација, триумфирајќи на сите четири досегашни натпреварувања.
Норвежанката денес славеше во Рамзау (Австрија) и на одличен начин ја заврши 2022 година.
Дваесетгодишната скијачка водеше и после двете серии, а скијачкиот дел го помина за време од 14:45,7 минути.
На второто место се пласираше Италијанката Аника Зиф (+1:01,7), а по вторпат во низа, како третопласирана заврши Натали Армбрустер (+1:04,7).
Во продолжение, во првите пет се најдоа уште Лиза Хирнер (+1:14,7) и Лена Брокар (+1:20,3), пред најдобрата тркачка – Ида Марие Хаген (+1:31,5).