Во рамките на 14 коло, претпоследно од првата полусезона во Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар во Нов Дојран денеска со висок триумф од 9:0 екипата на ЖФК Истатов дојде до три бода против ЖФК Шкупи.
Гостинскиот состав поради збиениот распоред и проблемите со суспендирани и повреди играчи немаа сили да се спротистават на расположениот домаќин за игра. ЖФК Истатов од друга страна ги искористи своите шанси и сосема заслужено дојде до победа.