Во рамките на 14 коло, претпоследно од првата полусезона во Прва ЖФЛ, во фер и коректен натпревар во Струга се одигра дербито на колото. ЖФК Ас Јунајтед ги нагости на ЖФК Деспина од Прилеп.
Струга долго време чекаше на голем дерби триумф, при победата на Ас со минимални 1:0 со решавачкиот гол на Илза Максути, уште во првото полувреме и ова е најголемата победа досега, бидејќи тимот конкурира за самиот врв на табелата.
Ако пред почетокот на сезоната како фаворити се истакнуваа екипите како што се Деспина, Каменица и Скопје, ова за стружанки е огромен чекор напред кон фудбалските височини.
Сосема заслужено ЖФК Ас Јунајтед е таму каде што е затоа што работат макотрпно веќе неколку сезони, сите фудбалерки го даваат својот максимум е ова е награда за нивната работа.
Што се однесува до натпреварот, тој беше тврд и со многу борба и трчање на средината на теренот, голманката на Ас, Суарта Речи сигурно го чуваше својот гол и тоа им оставаше на нејзините соиграчки на терен, да тргнат кон противничкиот гол и тоа и успеа на Илза Максути за минимална но сосема доволно за нови три бода.
ЖФК Деспина одигра на високо ниво, на секој натпревар одат на победа без разлика со кој противник се соочуваат, но овој пат можеби и теренот не им дозволи да развијат игра какво што тие само посакуват, не се прилагодија на условите, исто така и противничките фудбалерки овој пат повеќе ја посакуваа победата.



