
На ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, 16-годишниот Нико Портиус освои бронзен медал во фристајл скијање во дисциплината халфпајп.
Денес, на возраст од дваесет години, скијачот од Нов Зеланд стана олимписки првак во истата категорија со освоени 93,00 поени во финалето.
Со оглед дека халфпајп е дел од Зимските олимписки игри од 2014, единствениот досегашен двократен олимписки шампион во пресрет на денешното натпреварување, Дејвид Вајс (90,75), заврши на второто место.
Неговиот сонародник и бранителот на среброто од ЗОИ 2018, Алекс Фереира (86,75), се закити со бронза.
Од финалистите, во првите петмина завршија уште Ноа Боуман (84,75) и Бирк Ирвинг (80,00).




