По третпат во низа на меѓусебните дуели, Чикаго Блекхокс и Далас Старс одиграа нерешено после шеесет минути игра.
Синоќа, двете екипи не постигнаа ниеден гол во играчкиот дел, па Старс дојдоа до победата после пенали.
Додека траеше играта, голманот на Чикаго, Марк-Андре Флери, имаше 29/29 одбранети шутеви за четвртиот шут-аут во дресот на клубот од Илиноис.
Неговиот колега на спротивната страна, Џејк Отингер, со 34/34 одбрани, дојде до првиот шут-аут во сезоната и само втор во НХЛ.
Во пенал-серијата, за Блекхокс најпрво стрелаше Алекс ДеБринкат, а за Старс двапати погоди Џејсон Робертсон.
Во Западната конференција, Далас дојде до деветтото место, додека Чикаго остана на четиринаесетта позиција.