
Актуелниот ростер на Ст. Луис Кардиналс постави, односно продолжи нов рекорд на франшизата, откако ја запиша седумнаесеттата победа по ред.
Во историјата на МЛБ, овој број е доволен за четиринаесеттото место по број на последователни триумфи со учинок што не е повторен уште од 1938 (од страна на Питсбург Пиратес).
Синоќа, по петти пат на последните пет меѓусебни пресметки, Кардиналс ги поразија Милвоки Бруерс, славејќи со 6-2.
Во првиот дел од четвртиот ининг, Милвоки поведе со 0-2 преку хоум-ранот на Луис Уријас и трчањето на Даниел Вогелбах.
Веќе заклучно со седмиот период, домаќините шест пати го променија резултатот на семафорот за доаѓање до конечната победа.
Во овој процес, хоум-ран запишаа Дилан Карлсон, Нолан Аренадо и Хозе Рондон, а по четири бази освоија Харисон Бејдер, Пол Голдшмидт и Тајлер О’Нил.
Овој пораз не значеше ништо за Бруерс, кои завчера ја заверија титулата во Централната дивизија на Националната лига со досегашен учинок од 94-63.
Од друга страна, Кардиналс (88-69) се второпласирани во истата група и со петтото место во целата конференција изборија пласман во плејофот и покрај шансите од 2,8% пред почетокот на фантастичната серија.