На вториот спуст во Кортина д’Ампецо (Италија), во рамките на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција, најбрза беше Илка Штухец.
Словенката ја помина патеката за вкупно време од 1:04,73 минути и ја запиша првата победа после 19 декември 2018 и воедно јубилејната десетта во кариерата.
Изненадувачки, на втората позиција се најде Норвежанката Кајса Викоф Ли (+0,26), освојувајќи го вториот пиедестал и прв после 30 јануари 2021.
Најдобрата домашна претставничка беше Елена Куртони (+0,34) на третото место, која ја одбрани честа на Италија по падот на вчерашната победничка – Софија Гоџа.
За само една стотинка, без подиум останаа Рагнилд Мовинкел (+0,35) и Лара Гут-Бехрами (+0,35), кои ја поделија четвртата позиција.