Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е нов фудбалер на тимот на Асколи. Нашиот напаѓач стави потпис на договор до 2025 година. Напаѓачот последните четири сезони беше дел од Удинезе во Серија А, а претходно настапуваше и за Палермо
Италијанскиот клуб кој се натпреварува во Серија Б, вчера и официјално потврди дека нашиот фудбалски репрезентативец стави потпис на двегодишен договор, a нашиот напаѓач веќе позираше со новите клубски обележја.