Македонија ќе биде еден од кодомаќините на Европското одбојкарско првенство, кое ќе започне денес во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонија ќе биде во групата заедно со Данска,Полска, Холандија, Чешка и Црна Гора, а пласман во втората рунда ќе обезбедат најдобрите четири пласирани. Нашата најдобри одбојкари првенството ќе го стартуваат против Данска вечерва од 20 часот.
Ова е најголем настан за македонската одбојка, најголем настан што се одржува во нашата земја, ќе ги пречекаме најголемите ѕвезди. Ова е добра шанса за сите нас да ја претставиме Македонија и нашиот спорт. Имаме огромна желба, мотивација и со борба сакаме да постигнеме што е можно повеќе. Очекуваме поддршка од нашите навивачи, ќе биде тешко, но минавме макотрпен пат. Цел е да се пласираме во следната фаза и за да се случи тоа, потребни ќе ни бидат навивачите, – изјави селекторот на Јошко Миленкоски.