Тиаго Алкантара е член на Баерн Минхен од 2013 година, а претходно настапуваше за Барселона. Според добро упатените англиски медиуми, наговестуваат дека фудбалерот ќе биде нов член на Ливерпул, а самиот играч веќе пронашол куќа во Англија.
Исто така Алкантара ги известил дел од соиграчите дека ќе настапува за црвените од Енфилд Роуд. Германскиот и англискиот тим долго време преговарат каде што Баерн бара 30, а Ливерпул нуди само 25 милиони евра, но највероватно двата клуба веќе имаат заеднички јазик и трансферот ќе се реализира.