Летните подготовки и подготовката за следната сезона многу зависат од епидимиолошките мерки. Во овој период кошаркарката Нора Мемедова која работи под менторство на Академија Петровски ќе го искористи овој период за санирање на повредата, а во прилог и нејзина изјава:
,,Поради целaта настаната ситуација со Ковид19 спортските случувања се во голем застој. Јас исто така спаѓам во таа група во која што сеуште не и се започнати тренажните процеси кои ќе се одложат додека не се расчистат настанатите пречки во тренажниот процес. Ќе го искористам периодов да ги решам здраствените проблеми и ќе подлежам на операција со која што ќе ја санирам повредата и потоа се надевам со успешна и брза рехабилитација да се вратам посилна на теренот, а дотогаш искрено се надевам дека епидемијата ќе заврши и ќе продолжиме непречено со нашите кошаркарски активности”.



