Талентот на Манчестер Јунајтед Тахит Чонг кој има 20-години од наредна сезона ќе биде на едногодишна позајмица во бундеслигашот Вердер Бремен кој претходната сезона се спаси од испаѓање од лигата. Младиот Чонг има голема перспектива и со оваа позајмица ќе добие можност за голема минутажа за потоа повторно да побара шанса за докажување пред Оле Гунар Солскјер.