
Во редовите на актуелниот англиски второлигаш, Шефилд Јунајтед, од денес официјално се придружи хрватскиот интернационалец – Филип Уремовиќ.
Уремовиќ пристигна на ,,Брамал Лејн” како засилување од рускиот клуб, Рубин Казањ, до крајот на тековната сезона со опција за продолжување на договорот.
Имено, Хрватот потпиша договор на четири години со Рубин на 4 јуни 2018, но истиот беше прекинат поради руските напади врз Украина.
Во дресот на клубот од Казањ, Уремовиќ одигра деведесет натпревари и постигна еден погодок.
Во кариерата, 25-годишниот дефанзивец ги бранеше боите и на три екипи од југословенското поднебје (Цибалија, Динамо Загреб 2 и Олимпија Љубљана), а притоа запиша и шест настапи за својата репрезентација.
,,Ова е навистина голем клуб и чест и привилегија ми е што сега ќе имам можност да играм овде. Се надевам дека ќе ги оствариме нашите цели за оваа сезона.” – прокоментира Уремовиќ за официјалната веб-страна на Шефилд Јунајтед.
Имено, Шефилд Јунајтед се наоѓа на петтото место во англискиот Чемпионшип на девет кола пред крајот и се бори за враќање назад во Премиер лигата.