
Првите квалификации во Планица, на леталницата ,,Братов Горишек”, беа издоминирани од домашните натпреварувачи.
Имено, во пресрет на претпоследното натпреварување од Светскиот куп, со победа од квалификацискиот дел замина Анже Ланишек.
Словенецот дојде до конечна победа и до награда од пет илјади франци со летот од 233 метри што му донесе 227,1 поени.
Само 0,6 поени помалку собра неговиот сонародник, Тими Зајц, кој прелета најдолги 235,5 метри.
На третото место заврши Јохан Андре Форфанг пред двајцата Полјаци – Камил Штох и Давид Кубацки.
Во првите десетмина имаше уште тројца Словенци, Петер Превц, Ловро Кос и Жига Јелар, помеѓу кои се најдоа Јукија Сато и Штефан Крафт.