
По двата ,,брејкови” на гостински терен, актуелните шампиони на КХЛ, Авангард Омск, претрпеа два домашни порази.
Имено, во четвртиот меч од четвртфиналната серија против Металург Магнитогорск, ,,Јастребите” беа поразени со убедливи 1-5.
Металург направи клучна предност од 0-3 уште во првата третина, кога прецизно стрелаа Филип Маје, Денис Зернов и Брендан Лајпсик.
Во вториот дел, Арсени Грицјук намали на 1-3, но до крајот, конечниот резултат го поставија Џош Кари и гореспоменатиот Зернов.
На четири минути пред крајот изби масовна физичка пресметка при која беа доделени седум дисциплински казни.




