Одбојкарската репрезентација на Македонија на одржаната ждрепка во Неапол денес ги доби противниците за Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 години.
Македонија заедно со Италија, Бугарија и Изреал ќе биде домаќин на континенталниот собир. Ждрепката сакаше да бидеме заедно во група со двократниот светски шампион од 2014 и 2018 година и голем фаворит во групата Полска, а тука се уште Црна Гора, Холандија, Чешка и Данска.

Европското првенство ќе се игра од 18 август до 16 септември следната година.