
За првпат после 2009, Хиберниан успеа да поврзе две последователни победи на ,,Фир Парк”, откако во првото коло од шкотскиот Премиершип го совлада Мадервел со 2-3.
Домаќините беа поквалитетен тим во првите педесет минути од мечот, односно сè додека водеа со 2-1.
Најпрво, Мадервел во водство го однесе Кевин ван Веен (12′), но само пет минути подоцна, Кајл Магенис (17′) израмни на 1-1.
Веќе во 29. минута, Угандецот Бевис Мугаби му донесе ново водство на домашниот состав, кое траеше до воведниот дел на второто полувреме.
Само две минути по влегувањето од клупата, Кристијан Доиџ (56′) му донесе второ израмнување на Хиберниан, а пресвртот за гостите од Единбург го комплетираше Мартин Бојл (70′) од пенал.



