Се можам да поднесам, но неправда и столичност не, бидејќи ми се најмизерниот обид на експлоатација на луѓето, од страна на суштествата кои по воља на судбината се родени во форма на човек. И кога работите се гледаат од како ќе ја вкусиш горчината на измамата и користољубието , зениците се пошироки, а умот отпорен на емоции.Тажно е што се, баш се, се гледа само низ призма на пари, банкноти, бројки, безгранично користољубие, алчнотија до безумство. Додека се има било каква полза најдобар си, и сите останати суперлативи. Безрезервно работиш, помагаш , за пријател гинеш, оти човештината нема работно време, така те воспитале, така го разбираш пријателството, смислата на постоењето.. Ама, јаде со тебе на иста маса а посакува да се задавиш. Звучи сурово, но реалноста е таква. И таа глад по луѓе марионети не престанува, ненаситност е тоа, оти незнаат, не чуле што е емпатија и човекољубие. Оти филантропија, општествена одговорност е мисловна именка, туку постои само една цел издразена во 2 збора пари и моќ.Има по некое добро дело колку за слика да вика народот “Браво, алал нека е”.. АМА само кога тоа е финансирано од трети .Да се омаловажуваат сите , никој да нема право на свое мислење и став. Во спротивно следува куршум во грб истрелан преку молк во меѓусебната комуникација и дисперзија на лаги за да се сокрие вистинскиот лик. Во првиот момент кога ќе се спротиставиш ќе знаеш каква суровост раѓа ” пријателот”. Нема да го препознаеш тој кој те нарекувал фамилија , со кој си делел и добро и рѓаво.Да се вратам на актуелниот момент..Атакувањето кое се прави врз семејствата и играчите со закани ако не дојдеш кај нас нема никогаш да играш под македонското знаме е во најмала рака метастазирање на најздравото ткиво во општеството, децата. Секојдневно тормозење , уценување, 24 часовен мобинг. Само филантроп може да ме разбере , луѓе со отсуство на човекот во нив,никогаш. Начинот на кој се гази преку живи луѓе е ужасен. Оној што дава пари размислувајќи за доброто на младината, не смее да знае се, а она што го знае мора да е само арно. Секогаш се има по некој жртвен вол за да не се горат рацете , кој е третиран како робот, роб. Пука душата од нечовечност и малтретирање ( плачеше жртвеникот кај нас но немаше избор, мораше да трпи за да преживее)Постојат толку цивилизирани начини за да се постигне посакуваната цел, разговорот е основата на се. Лепењето до ѕид е за нечисти и нечесни работи, кои се претешки за деца кои немаат ни 20 години. Изборот на најбруталниот, најнецивилизираниот начин , за отварување на лични желби и презентирање на моќ , нема да ја избегне осудата од народот . Оти 10 грама општествена кал е потешка и од 100 кг чисто злато. Играњето со човечки судбини е срам и резил за големи имиња. – стои на фејсбук статусот на Анита Даева.




