Во премиерниот меч од 44. коло на англискиот Чемпионшип, Барнмут на домашен терен го пречека Брентфорд.
Двете екипи се наоѓаат во плејоф-зоната што само по себе значеше дека овој дуел го носи епитетот ,,дерби на колото”.
Имено, гостите од Лондон успеаја да слават со минимални 0-1 и со тоа да избијат на третото место на табелата, спуштајќи ги денешните ривали на четвртото.
Стрелец на единствениот погодок беше Брајан Мбеумо (78′), кој се запиша во листата на стрелците по шести пат сезонава и тоа само четири минути откако влезе во игра.
Во моментот кога беше затресена мрежата на Асмир Беговиќ, Брентфорд имаше играч помалку, откако во 50. минута, капитенот Понтус Јансон доби втор жолт картон.
Барнмут, иако речиси цело второ полувреме имаше играчка предност, не успеа да направи ништо што може да се утврди и од статистиката, која вели дека односот на шутеви изнесува 18-4 во корист на Брентфорд.
📸 Michael Steele/Getty Images



