Во драматичното дерби на Суперлигата екипите на Охрид и Бутел во салата “Toдор Александров” во Велгошти одиграа реми 22-22 (полувреме 10-10). Во последниот напад голманот Блажески ја одбрани топката за голем бод на тимот од Скопје со кој се чекор поблиску до Европа.
Бобан Блажески беше како по обичај најдобриот играч на Охрид со 7 голови, по 4 постигнаа Кривокапиќ и Тот, додека на спротивната страна крилата Мирко Мајиќ со 8 и Златко Мојсоски со 4 беа најефикасни поединци.