Во рамките на 44. коло од англиската Лиг 1, на ,,Фратон Парк”, Портсмут ја пречека екипата на Бристол Роверс.
На нивниот меч имаше вкупно 15 шутеви, но само еден од нов заврши во мрежата.
Имено, Портсмут славеше со 1-0, откако Ронан Куртис (27′) успеа да го совлада Анси Јакола.
Со новите три поени, непосредно по натпреварот, Портсмут успеа да се искачи на шестото место што воедно носи и плејоф за промоција во Чемпионшип.
Од друга страна, поразот на Роверс значеше и релегација во Лиг 2, после пет поминати сезони во третолигашкото друштво.
Голем проблем за претставниците на Бристол оваа година беше отсуството на расен голгетер, од калиброт на Џонсон Кларк-Херис, кој минатата сезона се запиша во листата на стрелците тринаесет пати.
Во сезоната 2020/21, најефикасен фудбалер на составот предводен од Џои Бартон е Лук Леи со осум погодоци.
📸 Joe Pepler/PinPep