
По дванаесетти пат во низа, во серија што трае од почетокот на 21. век, Норвешка се закити со злато на Светското првенство во крос-кантри во машка штафета 4×10 километри.
За победничката селекција (1:32:54,7), овој пат настапија Ханс Кристер Холунд, Паал Голберг, Симен Хегштад Кругер и Јоханес Клебо.
На одличното второ место, после четиринаесет години без медал на СП, се пласираше Финска (+46,9) за која херојски отскијаа Ристомати Хакола, Ииво Нисканен, Перту Хиваринен и Нико Антола.
Бронзата и’ припадна на Германија (+59,8), односно на тимот, состсвен од: Алберт Кухлер, Јанош Бругер, Јонас Доблер и Фридрих Мох.
За неполна секунда, без одличје остана Франција (+1:00,5), а пласманот во топ 5 го пополни Канада (+1:22,5).