среда, декември 6, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МУЗИКА

ХАРИЗМАТИЧНАТА МАКЕДОНКА ОД АВСТРИЈА СО НЕЈЗИНАТА ВТОРА ПЕСНА НА МАКЕДОНСКИ-“ЌЕ ТИ ДОЈДАМ” (ВИДЕО)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
октомври 18, 2023
📁 МУЗИКА


После првата песна на мaкeдонски “Зора” на Каролин не и требаше многу време за да ја издаде и нејзината втора песна со наслов “Ќе ти дојдам”. Идејата за новата песна која е и нејзина втора песна на македонски и (помал дел на српски) на нашата Каролин потекнува од снимањето на кавер верзија на народната македонска песна “Ќе ти дојдам вечер” од Спасен Сиљановски. По објавувањето на платформата Тик Ток добива неверојатни половина милион прегледи и тоа беше доволна инспирација за Каролин да ја сними песната. Поточно текстот од рефренот е ист, но песната е во класичен 2000’s RnB стил – стилот кој ги одбележа нејзините тинејџерски денови. Секако дека Спасен беше контактиран околу авторските права.


Музиката и аранжманот се на Дони Балкан, текстот на Стефани Николиќ, микс и мастеринг на Сансимо. За песната е изработено музичко видео.
Промоцијата на песна се одржа во Angels caffe во Штип, каде во една позитивна атмосфера во преполното кафуле Каролин ја имаше можноста да ја изведе песната, а и да отпее и многу други песни, загревајќи ја атмосферата до точка на вриење. Специјално за промоцијата беше направена торта со принт од каверот на песната и многу други пропратни реквизити на таа тема што ја одбележаа вечерта. Во продолжение ви доловуваме дел од атмосферата на промоцијата. (фото+видео). https://we.tl/t-yH3EPwQaLD


Каролин ни ветува за брзо време дека ќе издаде уште една нова песна на македонски со прекрасен видео запис и дека се почесто ќе биде присутна на македонската музичка сцена и по клубовите ширум државава.

Во прилог линк од видеото за песната “Ќе ти дојдам”..
https://youtu.be/m6e381o-eSQ?si=JQoq8SWQ8jwDhIfX

ShareTweet
Претходна вест

Тасески: Струга има искусна екипа која не смее да се потцени

Следна вест

Одличниот Кукуловски беше МВП во победата на Брно

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Јован Јованов и Пајак со најава за  ремикс за мега-хитот “Магија” (Фото)
МУЗИКА

Јован Јованов и Пајак со најава за ремикс за мега-хитот “Магија” (Фото)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Дек/2023
(Видео) Барбара Поповиќ со “Зајди, зајди” го воодушеви регионот
МУЗИКА

(Видео) Барбара Поповиќ со “Зајди, зајди” го воодушеви регионот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Ное/2023
(Видео) Нова песна на Антониа Гиговска – „Брига ме“
МУЗИКА

(Видео) Нова песна на Антониа Гиговска – „Брига ме“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Ное/2023
(Видео) Стружанката Елена во главна улога во новиот спот на ДНК и Врчак
МУЗИКА

(Видео) Стружанката Елена во главна улога во новиот спот на ДНК и Врчак

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Ное/2023
Следна вест
Одличниот Кукуловски беше МВП во победата на Брно

Одличниот Кукуловски беше МВП во победата на Брно

Последно

Селекторот на младинците Стојановиќ објави список за Трофеј Карпати

Митев и Галевски го водеа Алкалоид до историска победа во Европа

Павел Хладик тренер на Брно: Понудата на Охрид за Мацуока не можеше да се одбие

Стружанка го совлада Пелистер! Далипоска броеше до 11

Ристовска без грешка во победата на ЦСКА

Струшките џудисти освоија 6. медали во Словенија

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.