Викендов не очекува втората ракометна пресметка на “Езерските” ривали Охрид и Струга. На 21 октомври од 18:30 часот во салата „Билјанини извори“ ќе се одигра Езерското дерби.
Во сабота го играме Езерското дерби. На гости ни доаѓа екипата на Струга која воопшто не е за потценување. Составена е од искусни играчи. Треба максимално да се влезе во натпреварот од почеток и со добра одбрана да извојуваме победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка. – изјави Иван Тасески капитенот на Охрид