Поранешниот премиерлигаш, Болтон, се наоѓа во неверојатна серија од десет средби без пораз, на кои запиша дури осум триумфи.
Токму последната победа се случи денес, во рамките на 35. коло од англиската Лиг 2, совладувајќи го Кембриџ Јунајтед со 2-1.
Во пресрет на мечот, Кембриџ беше првопласиран тим на табелата, но со вториот пораз на последните три дуели, му го предаде приматот на Челтенам.
Од друга страна, по очајниот старт на сезоната, Болтон конечно влезе во плејоф-зоната, заземајќи го седмото место.
Домаќините на овој меч стекнаа капитална предност од 2-0 уште во првото полувреме со головите на Оин Дојл (38′) и на Ентони Сарчевич (43′).
Во вториот дел се намали интензитетот на играта, а со вториот овосезонски гол, негативата на Кембриџ ја преполови Кајл Нојл (80′).
📸 Twitter: Cambridge United FC



