Хадерсфилд ја продолжи својата успешна серија на четиринаесет натпревари без пораз.
Имено, во триесет и второто коло од англискиот Чемпионшип, ,,Териерите” ремизираа со 0-0 против Шефилд Јунајтед.
За двете екипи, ова беше прво меѓусебно лигашко реми после 27 јануари 1998, кога резултатот на ,,Брамал Лејн” гласеше 1-1.
Денес, ривалите беа изедначени на теренот со биланс на шутеви во рамките на голот од 6-3 во корист на гостинскиот состав.
Тимот од Шефилд ја консолидира својата игра, откако на тренерската позиција дојде Пол Хекингботом и со серијата од четири победи и две ремија на последните шест средби изби на седмото место на табелата.
Од друга страна, Хадерсфилд им пркоси на сите предикции и се наоѓа во плејоф-зоната на одличната петта позиција.