
На првото од двете натпреварувања во Лилехамер, во рамките на норвешката турнеја ,,Роу Ер”, до триумфот стигна Халвор Егнер Гранеруд.
За Гранеруд, ова беше единаесетта победа во сезоната, остварена со скоковите од 135 и од 139,5 метри.
Воедно, Норвежанецот остана прв во поредокот на турнејата и во генералниот пласман.
На втората позиција заврши Штефан Крафт, а со напредок од тринаесет места, до петтиот подиум во кариерата дојде Мануел Фетнер.
Во продолжение, пласманот во топ 10 го комплетираа: Даниел Чофених, Карл Гајгер, Јохан Андре Форфанг, Жига Јелар, Рјоју Кобајаши, Даниел Андре Танде и Тими Зајц.