Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа најдобриот домашен натпревар на меѓународната сцена и со 27-23 го совладаа Нексе Нашице во рамките на четвртото коло на СЕХА лигата.
Во клучниот натпревар за разврската во групата А, пелистерци одиграа перфектно, а успеаја да го изборат второто место со триумфот од четири гола. Јунак на мечот беше голманот Марко Кизиќ кој одбрани пенал во последните секунди и му помогна на Еурофарм Пелистер да го освои второто место.
На овој натпревар на клупата дебитираше дуото Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, па нивното претставување пред публиката во „Боро Чурлевски“ беше одлично.